Македонскиот музичар Петар Маркоски, во соработка со продуцентот Даниел Јовески, на љубителите на добрата музика денеска им претставија сопствена верзија на Деспасито.
Хитот на Порториканецот Фонси преку виолината на нашиот Маркоски звучи многу понежно од оригиналот, делото е сработено со многу љубов и веруваме дека и оваа верзија ќе допре до слушателите на неповторливиот хит. Уживајте во ритамот по кој знае кој пат и споделувајте позитивна енергија, бидејќи таа беше мисијата на Деспасито ова лето.