Каролина и Михаил стапија во брак – се случи свадбата на деценијата
Македонската пејачка ѕвезда и кралица на срцата, Каролина Гочева го кажа судбоносното “да”.
Во нејзин стил, без никакви помпезни најави, фалби и кичови, но во гламурозен и префинет амбиент се случи најочекуваната свадба на деценијата, свадбата на македонското девојче и уметникот кој го освои нејзиното срце.
Денеска, 23 септември е денот кога нашата омилена Каролина стапи во брак со Михаил Корубин. Свадбената прослава се одржува во необична атмосфера, во еден од хангаритe на спортскиот аеродром Стенковец, кој е специјално подготвен и украсен за оваа церемонија.
Каролина е облечена во прекрасна италијанска венчаница од чипка, комбинација на винтиџ и модерна естетика, а Корубин во елегантен црн костум.
На веселбата присуствува кремот од македонската естрада. Меѓу присутните се нејзините најблиски соработници од Авалон продукција, нејзината најдобра пријателка од естрадата Елена Ристеска, нејзината драга колешка Тамара Тодевска, естрадната мајка Весна Бејби Петрушевска, нејзиниот естраден брат Панчо ДНК, нејзините стилисти Цаци Паковска, Дадар и Сретен Костиќ итн.
ТВ Пакет им посакува среќен брак на младите, кој ќе го живеат и слават секогаш во здравје, љубов и слога.
Честитки, Керол !
Дани | ТВ Пакет