Цаци или свекрвата? Кој е заслужен за венчаницата на Каролина?
Несомнено најголемо внимание викендов предизвика свадбата на македонската дива Каролина Гочева. Нејзиниот моден стил од секогаш бил во центарот на вниманието на сите модни критичари, а јавноста со восхит секогаш ги следела сите нејзини јавни појавувања поради уникатниот и урбан стил кој го промовирала.
Но, кој ја дизајнираше нејзината венчаница? Чаршијата првин беше убедена дека тоа е нејзината стилистка Цаци Паковска, но на ден пред свадбата, се појавиjа медиумски информации кои говореа дека невестинскиот фустан е всушност дело на нејзината свекрва, модната креаторка Лиле Корубин.
Сепак, венчаницата која ја носеше Каролина е купена од Италија. Се работи за комбинација на винтиџ и модерна естетика, нешто што македонската принцеза го дологи магично, романтично и елегантно.
Дани | ТВ Пакет