Секоја сабота во 17.30 часот на Телма – “Титаник – крв и челик”
„Титаник: Крв и челик“ е телевизиска серија, снимена со буџет од 30 милиони долари за 12 епизоди, која премиерно и ексклузивно во Македонија беше прикажана во 2013 година на Сител телевизија. Сител телевизија успеа меѓу првите телевизии во светот да ја откупи серијата за најпознатиот брод кој ја доживеа најголемата несреќа, а сега, 4 години потоа, Телма решава да ја репризира серијата. Со репризата, Телма започна минатата сабота во 17.30 часот.
За разлика од сите досега видени филмови и серии поврзани со најголемата бродска несреќа во историјата, оваа серија не се концентрира на моментот на потонување на Титаник, туку на моментот кога тој почнал да се гради. Ова е приказна за луѓето кои се одговорни за неговиот дизајн и градба. Иако дејствието се одвива во Белфаст, голем дел од сцените се снимени во Белград и Крагуевац.
Главните улоги ги играат: Kevin Zegers, Liam Cunningham, Alessandra Mastronardi, Derek Jacobi, Neve Campbell, а несомнено дека големо внимание привлече и Chris Noth, познат по улогата на Ѕверката од серијата „Сексот и градот“. Во продолжение погледнете ја спектакуларната најава на Сител од пред 4 години :
Дани | ТВ Пакет