Главната улога во мјузиклот “Тајно моја” со нова песна
Македонската музичка надеж Антониа Гиговска извади нова песна. Ѕвездичката на Пинк и победничката на шоуто “Тајно моја” не запира со снимање на нови песни. Регионот го препозна нејзиниот вонсериски талент, а македонските композитори и продуценти успеаа тоа да го искористат и да направат од Антониа моментално најдобра млада македонска пејачка.
По баладата “Невреме”, Антониа се претставува со “Светлина во мрак”, од истиот авторски тим како и на претходната песна, а тоа се Лазар и Магдалена Цветковски. Браво за нашата мила ѕвездичка што успева да промовира квалитетен звук и вокал во новово време. Во продолжение слушнете ја нејзината нова песна, а за неколку дена следете го нејзиниот настап на “Макфест 2017”, каде ќе се претстави со песна од Кире Костов и Миодраг Врчаковски.
Дани | ТВ Пакет