Сомнежите се јавуваат, ќе излезе ли вистината на виделина?
Во понеделник, 2 октомври, клопчето започнува да се размотува во утринската новела на Сител, “Забранета љубов”.
Убавата Бјанка не ќе може повеќе да го трпи својот сопруг кој не го сака, затоа што нејзиното срце бие само за Бруно, внукот на нејзиниот маж. Од друга страна, пак, и Бруно е заплеткан во љубовен лавиринт. Никој не знае за неговата тајна афера со Бјанка, но некој веќе почнува да се сомнева.
Дани | ТВ Пакет