Подготвени да трчате 5 километри? Со вашето учество вие донирате за луѓето кои живеат со ХИВ. Ве повикуваат сите љубители на спортот на 29 октомври 2017, недела, од 11 часот, да се пријават на Дурекс добротворна трка, да се пријават со бројче и да се дружат со добра музика. Освен што ќе се забавувате и ќе се наградуваат учесниците од страна на поддржувачите.
Не заборавајте дека можете да трчате сами, со пријатели, комшии, колеги, потребно е само да имате желба да учествувате. Патеката започнува од почетокот кај Жабарот па се до мостот кај Александар Палас и назад.
Како да се пријавите? Тоа треба да го сторите до 26 октомври преку Facebook на фан пејџот Durex Makedonija со ваше име и презиме и секој учесник плаќа котизација: 300 денари
Средствата се донирааат директно во Здружението, корисник: Здружение ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје со дознака: Донација за добротворнатрка, на жиро сметка 300-0000037330-81; Комерцијална Банка АД Скопје.
За тие кои ќе сакаат во последен момент уплатата може да ја извршат и директно 1 час пред настанот на лице место.
Организацијата на настанот е на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје и Durex. Пријатели на настанот 091RUNCrW и Endurance.