Почетна / Спорт / Следете ја Бундес лигата на Еуроспорт 2, достапна преку Еуроспорт плеер

Следете ја Бундес лигата на Еуроспорт 2, достапна преку Еуроспорт плеер

Паузата заради квалификациските средби за Светското првенство во Русија кое се одржува следната година е зад нас. За едни успешна, за други разочарувачка, додека за некој надежта сеуште тлее. Германија е помеѓу првите и по успешните квалификации, Германците сега можат да се фокусираат на националното првенство. Бундеслигашките тревници се повторно во погон, а преносот можете да го следите на Еуроспорт 2 и преку Еуроспорт Плеер.

 

 

Деветтото коло го отвораат Шалке и Мајнц со натпревар кој по распоред е во петок во 20:30 часот на Велтинс арената во Гелзенкирхен. Пред паузата Шалке успеа да ја прекине низата од три натпревари без победа совладувајќи ја Херта во главниот град со 2:0 додека нивниот ривал славеше победа против ХСВ со 3:2. Историјата е на страна на рударите со оглед на тоа дека Мајнц кај нив нема победа во гости од 2011 година, но можеби е време несреќната низа  да се прекине.

 

 

Викендот носи се повеќе акција, а еден од најинтересните натпревари е дефинитивно дуелот  Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд. Паузата на гостите им дојде како мелем на рана бидејќи во минатото коло беа поразени во дербито на свој терен од РБ Лајпциг со 3:2, додека во налет на добра среќа на Ајнтрахт обезбеди две победи. По средбата во 15:30, бундеслигашкото попладне продолжува со едно од долговечните дербија во Бундеслигата, иако во последните години не е толку неизвесно, но дербито е секогаш посебна средба. ХСВ се домаќини на Баерн.

Домаќинот е во форма на заборав, со шест натпревари без победа. Ако се потсетиме на дуелот со Баварците и минатогодишните 8:0, на домаќините не им се пишува добро, без разлика на натпреварот на Баерн во Лигата на шампиони против Селтик.

 

 

Во недела не очекува вистинско фудбалско попладне со три натпревари, а првата по распоред е веќе во 13:30. Кој рано рани две среќи граби, дали тоа ќе биде Келн или Вердер, тоа ќе го дознаеме. Келн како и Баерн во акциите во текот на неделата со гостувањето кај БАТЕ Борисов во рамките на Лигата на шампиони и итно им е потребна искра која ќе ја запали сезоната бидејќи се наоѓаат на последно место. Во подобра ситуација не е ни Вердер кој е чекор погоре, на претпоследно место. Победата е императив за двата состава. Во 15:30 следи средба на уште два состави кои се во потрага по нивната форма: Фрајбург – Херта. Со само една остварена победа домаќинот мора да цели кон победа, додека клубот од главниот град има простор за калкулации, најмногу заради тоа што во неделата играат натпревар во Лига на Европа со украинскиот Зорја.

 

 

Деветтото коло завршува со средбата на Волфсбург и Хофенхајм. Клубот од „ Волчиот град” со две раце ја дочека паузата, бидејќи одморот им донесе прилика да ги консолидираат четирите последователни реми натпревари, односно дури шест натпревари без победа. Се разбира, нешто ќе биде побарано од можеби идниот тренер на Баерн од Минхен. Џулијан Нагелсман, иако е најмлад тренер во лигата, веќе има доволно искуство и знаење (талентот не е во прашање) да го загорчи животот на многу квалитетни момци. Освен тоа, Хофенхајм го чека и натпреварот во Лигата на Европа против Истанбул Башакшехир.

 Бундеслигата следете ја на Еуроспорт 2, а сите натпревари се достапни на Еуроспорт Плеер.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма меѓу добитниците на Златен олимписки оскар од Шабан Трстена

Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!