“Калимеро” секој викенд во цртаниот блок на Сител телевизија
Првото испилување во шеесетите беше за италијански бренд на детергенти и сапуни, за веќе во седумдесетите да биде пренесен во анимирана серија. Вистинската слава сепак ја доживува во 1992 година кога излегува втората серија од франшизата за несреќното црно пиле, единстено такво во семејство на жолти пилиња.
Славниот цртан јунак Калимеро, по повод своето 50 годишно постоење се врати на малите екрани со нова 3Д анимирана серија. Иако и понатаму се движи со лушпа од јајце на глава, повторувајќи дека се е неправда, Калимеро сепак многу се смени.
Во духот на новото време веќе не се препушта на меланхолијата, туку ги зема работите во свои раце и наоѓа решенија. Тука се повторно неговата девојка Присила, зелената птица Валеријано, богаташката Сузи, Розела итн., кои ги следевте минатата сезона на Сител ТВ.
Новата серија е создадена во италијанско – француско – јапонска продукција и има 106 епизоди во траење од по 11 минути. Од овој викенд, авантурите на црното пиле продолжуваат на Сител телевизија, секое саботно и неделно утро во 10 часот.
Дани | ТВ Пакет