Корисниците на MaxTV, од денес имаат можност да следат програма на 2 нови ТВ канали, TLC и Discovery ID Investigation. TLC каналот во продукција на Discovery е замена за Discovery Travel & Living, кој минатата недела беше згаснат по одлука на компанијата. Содржински опфаќа семејни колажни теми поврзани со домот, модата, кулинарството, а корисниците ќе можат да го следат со превод на македонски, албански и српски јазик. TLC каналот за сите MaxTV корисници ќе биде достапен под реден број 104, а Discovery Science каналот отсега ќе може да се најде под реден број 106.
Истовермено, ТВ каналот Discovery World го заменуваме со поатрактивниот Discovery ID Investigation, кој ќе биде достапен со превод на албански и српски, под реден број 105, известува интернет порталот на MaxTV.
Chris | ТВ Пакет