Почетна / Сапуници / Најновата хрватска серија „Чиста љубов“ доаѓа на Сител телевизија

Најновата хрватска серија „Чиста љубов“ доаѓа на Сител телевизија

 

Од продукцијата на “Златни двори” доаѓа нова серија

 

Сител телевизија започнува со емитување на најновата хрватска теленовела “Чиста љубов”, снимена од хрватската телевизија Нова, која неодамна започна да се емитува во земјите од бивша Југославија. Серијата ќе се емитува во 21 часот, веднаш по Ергенот.

 

 

Се работи за семејна драма која на извонредно возбудлив начин навлегува и во аномалиите на општеството. Сепак, главната приказна се одвива околу самохраниот татко Томо, чија петгодишна ќерка секојдневно го чека враќањето на својата мајка, која пак безчувствиетелно го има оставено своето семејство. Томо, кој пак и самиот е израснат без родителска грижа, поради погибијата на неговите татко и мајка, единствената потпора ја има во ликот на својата сестра, со која заедно биле во домот за деца без родители.

 

 

Од таму го има познанството со Ранко, негов врсник , кој уште како бебе бил оставен пред вратата на домот за деца без родители. Ранко целото свое детство, но и подоцна како возрасен, во ликот на Томо, гледа ривал, бидејќи во време на домските денови Томо постојано бил посетуван од најбогатата жена во крајот,госпоѓата Едита. Мистеријата за тие посети ја знае само сестрата Бранка, која била малку повозрасна од Томо и ја знаела врската помеѓу таткото и Едита, која според нејзе е и еднинствената виновничка што таа и нејзиниот брат остануваат сирачиња.

 

 

Ќерката на Томо, малечката Маша, боледува од астма и таа нејзина болест бара постојана грижа , која таа несебично ја добива од својот татко. Томо воедно се запознава и со Соња, за која не знае дека е идна вереничка на Ранко, а која уште со првата средба во која таа ќе покаже несебична грижа за ќерката на Томо, ќе го освои неговото срце.

 

 

Серија која плени со својата приказна, техничката поставеност, врвната актерска екипа, како и музиката, во кој дел насловната песна ја напиша и испеа Борис Новковиќ.

 

 

Иван Херцег, ѕвездата од “Изборот на Лара” и “Долина на сонцето” се јавува повторно и тука како главен протагонист, во улогата на Томо. Неговата партнерка во серијата е младата актерка Тара Росандиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!