Почетна / Сапуници / Понеделник и вторник – трагичното финале на „Забранета љубов“

Понеделник и вторник – трагичното финале на „Забранета љубов“

 

Во вторник завршува “Забранета љубов” на Сител

 

Понеделник и вторник, 10 часот и 30 минути, Сител телевизија. Последните две епизоди од латиноамериканската теленовела “Забранета љубов”. Серијата која веќе беше емитувана неколку пати на локалните телевизии, а сега и на Сител, очигледно не може да ги остави рамнодушни оние кои ја следеле и ја следат.

 

 

Доаѓа крајот на забранетата љубов на Бруно и Бјанка. Сите дознаваат за тајната афера на младите љубовници, кои романсата ја криеја под ист покрив со мажот на Бјанка. Сега, на денот на свадбата на Бруно, ќе се случи голема трагедија која ќе стави крај на сите страдања.

 

 

Може ли да се издржи живот со таква болка? Може ли една жена да живее во такво страдање за нејзината страст? Може ли еден маж да се заколне на вечна љубов, знаејќи дека неговото срце бие за друга? Може ли да се премине преку сѐ во име на сопствената среќа?

Трагичното финале на “Pasion prohibida” го следите во вторник на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!