Почетна / Телевизија / Алфа ги замени филмовите со репризи на српски емисии во прајмтајм

Алфа ги замени филмовите со репризи на српски емисии во прајмтајм

 

Реприза на српска емисија на Алфа

 

Кулинарското ТВ шоу „Пеколна кујна“ повторно на Алфа со уште една реприза. Од понеделник до петок во 21 часот, Алфа ќе ви пружи повторен поглед во професионалното и најквалитетно готвење и послужување на врвната ресторанска храна. Водителите на ова шоу ги знаат ги знаат најголемите тајни на кулинарството и на совршените ресторани и ресторанска услуга.

 

 

Целта на ова реалити шоу, за потсетување, е да се избере некој ресторан и да се преуреди „од глава до петици“. Водителите ги анализираат сите постоечки маани на локалот, ги утврдуваат причините: Непрофесионалноста на готвачите, нељубезноста на келнерите, лошата декорација и амбиент на ретсоранот, слабата промоција…
 
 
 
 
Кога тие ќе влезат во ресторанот, никој не ги сака. Тие се груби, ја кажуваат вистината без влакна на јазикот, укажуваат на сите маани… Тие прават вистински пекол за мрзливите и некреативни работници во рестораните. Зад кулисите на рестораните се случуваат вртоглави промени и после пеколната ревизија што ќе ја направат водителите на шоуто, тие ресторани стануваат најбараните места за добра храна и услуга.
 
Оригиналниот формат на „Пеколна кујна“ во текот на 5 сеозни ги освојуваше највисоките БАФТА и ЕМИ награди во Велика Британија и САД. “Пеколна кујна” е српска верзија на светската верзија “Hell’s kitchen”.
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!