Убиството ќе се разрешува секоја вечер околу 22.30 часот
На местото на “The fall”, од среда на МТВ 1 започнува уште еденпсихолошки трилер. Британската серија “Џек Тејлор” е во режија на Стјуарт Орм, а во главните улоги ќе ги гледаме Иан Глен, Френк О’ Саливен, Кен Филдс. Се работи за ирска мистериозна драма, базирана на новелите на Кен Бруен, а снимана во Ирска и Германија.
Низ деветте продолженија од засега трите сезони, го следиме непоправливиот Џек Тејлор, кој е отпуштен од Ирската државна полиција поради свирепост над државниот министер. Тој станува приватен детектив, а Ана Хенеси го најмува да ја открие вистината за наводното самоубиство на нејзината ќерка- тинејџер. Како што го истражува случајот, тој доаѓа до шокирачки сознанија.
Дани | ТВ Пакет