“Чиста љубов” – нова хрватска продукција
За љубителите на хрватската играна продукција и мелосот од земјата на Јадранот, Сител телевизија започна со емитување на нова серија. Хрватската тв новела “Чиста љубов” веќе со голем успех се емитува во Хрватска, а од неодамна и во Србија, Црна Гора и Босна.
Насловната песна од серијата по примерот на “Zlatni dvori” од Колонија станува голем радиски хит, а ја исполнува познатиот Борис Новковиќ.
– Кога авторот Душан Бачиќ ми ја испрати песната, веднаш ми се допадна затоа што има поетичен текст и звук кој потсетува на моите песни од осумдесетите. Сепак, сето тоа е спакувано во една модерна продукција, а јас се надевам дека ја доловив таа емоција и атмосфера која ја бара овој голем проект. Во спотот за “Чиста љубов” се појавува и членката на Учителице. – изјавува Новковиќ за својот ангажман за серијата.
Дани | ТВ Пакет