Томо останува во хрватската драма, но толкуван од нов актер
Хрватските медиуми веќе објавија – главниот актер Иван Херцег ја напушта хрватската тв новела “Чиста љубов”. Во серијата која се емитува на Сител телевизија и која сѐ уште се снима во Хрватска, тој ја толкува улогата на Томo, самохраниот родител кој ќе се вљуби во убавата Соња.
ТВ Нова која стои зад реализацијата на овој проект, му дала отказ на актерот поради тоа што имал несогласувања со колегите за време на снимањето. Што друго се случувало и кои други продукциски причини стојат зад отказот, ТВ Нова не сака да коментира.
Сепак, ликот на Томо нема да умре, туку продолжува да биде толкуван, но од друг актер.
Иван Херцег ќе биде заменет од Јанко Поповиќ Волариќ, познат по главната улога во “Обични луѓе”, како и улоги во други хрватски сапуници.
Дани | ТВ Пакет