Иван Раденов, инстант ѕвездата која многу брзо ја снема од естрадното небо, беше првиот Македонски Идол, победник на музичкото шоу што се емитуваше на А1. Благодарение на продукцијата на А1 овој анонимен пејач стана познат за јавноста, а строгите критики на Игор Џамбазов, Тони Михајловски и Калиопи Букле беа виновни за неговиот успех.
Јас, како телевизиски критичар во текот на емитувањето на шоуто имав различни коментари, како за идолите така и за музичките судии. Но тоа сум јас, човек кој нема никаква потреба да чувствува благодарност кон тие луѓе за нешто, или пак да изразува почит кон нив.
Иван Раденов и должи се на продукцијата на “Македонски Идол”, Иван Раденов нема да беше тоа што е денес доколку не се појавеше во ова шоу. Но и покрај тоа овој дрзок и невоспитан гевгеличанец се дрзна да плукне по лицето кое некогаш знаеше да каже се најдобро за него.
Сигурно се сеќавате на видеото во кое Калиопи не знаеше да го зборува англискиот јазик. Од толку јавни фаци во Македонија, од толку пејачи и таканаречени “идоли” само на него му падна на памет да направи пародија на Калиопи, односно на нејзиното непознавање на англискиот јазик.
Видеото беше експресно избришано откако публиката го нападна со негативни коментари!
Chris | ТВ Пакет