Discovery Communicatiopns ги распредели бизнис операциите и назначи нов лидерски тим
Дискавери комуникејшнс ја трансформира својата структура на регионалните бизниси низ Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА), за да консолидира својата позиција како глобален лидер на забавната програма за сите видови екрани и услуги, и да креира средина која ќе го оптимизира бизнисот додека се насочува кон нови полиња на раст.
Џејмс Гибонс е назначен за генерален менаџер за Велика Британија/Ирска, Австралија и Нов Зеланд и е главен за комерцијалниот развој на ЕМЕА. Во неговата нова улога, Гибонс ќе го менаџира пазарот во Велика Британија кој е од големо значење за Дискавери и содржи 14 бренда кој досегнуваат до 26 милиони луѓе секој месец.
Тој ќе се потпре на успехот на постоечкиот тим во Велика Британија и ќе индентификува нови можности за раст на неговиот клучен пазар. Исто ги додава и Австралија и Нов Зеланд под негова одговорност. Сличната култура, демографијата, јазикот и програмската стратегија на овие три пазари ги придонесоа овие дополнителни измени. Гибонс исто станува осговорен и за развој на постоечките и нови комерцијални врски и бизнис можности за ЕМЕА.
Гибонс во Дискавери е повеќе од 18 години, работејќи на разни менаџмент позиции и територии низ планетата. До неодамна беше генерален менаџер за спојување бизниси и главен на производниот и бизнис развојот на СЕЕМЕА регионот.
Тој ги забрза транформативните партнерства на териториите како Турција, Африка, Средниот Исток и Германија, значајно зголемувајќи го присуството на Дискавери на овие територии. Тој го водеше и растот и консолидација на јапонскиот бизнис како претседате на Дискавери Јапонија.
Гибонс ја наследува Сузана Динејџ, која беше унапредена во новата позиција како глобален претседател за Анимал Планет претходно во ноември.
Дани | ТВ Пакет