66-то издание на традиционалните новогодишни „4 Скокалници“, ако не по друго, ќе биде запаметено по најмасовната посета од сите досегашни натпревари во ски скокови.
Имено, поради фактот дека по прв пат по сезоната 2001/2002, кога на оваа турнеја се прослави Свен Ханвалд, главниот фаворит за освојување на круната и целосен победник на турнејата кој беше германец, срушени се сите рекорди во продажба на влезници за првите две станици од оваа германска турнеја во Оберсдорф на 30.12 и Гармиш- Партен Кирхен на 01.01.
Оберсдорф го распродаде својот капацитет од 25 илјади посетители, колку што е и капацитетот на неодамна проширениот стадион, а продадени се дури и 15 илјади влезници за квалификациите ден предходно, што е незабележано во историјата на светските купови во ски скокови. Случајно или не, човекот заслужен за таа еуфорија се вика Рихард Фрајтаг (на германски:петок), победник на три од седум дотогаш одржани натпревари таа сезона. Иако роден во Ерлабрун, поранешна источна Германија, Фрајтаг од минатото лето живее токму во Оберсдорф како би можел да стане првиот локален победник во овој куп по 1960 год.
Патот кон успехот би можел да му го попречи неговиот колега од репрезентацијата Андреас Велингер, кој има една поебда оваа сезона, а не треба да се заборават и поранешните победници, полјакот Камил Стох и австријанецот Штефан Крафт, како и норвежанецот Даниел Андре Танде, кој минатата година киксираше во последниот од вкупно осум скокови, колку влегуваат во вкупниот поредок на оваа турнеја и со тоа веројатно ја испушти и победата.
Другиот дел од 4-те скокалници, како и секогаш, ќе се одржат во Инсбрук во Австрија на 04.01.2018 и во Бишофсхофен на 06.01.2018, каде без сомнеж атмосферата ќе биде слична како онаа во Германија. Преносот во живо следете го на Eurosport.
Дани | ТВ Пакет