Што ќе гледаме на Прва по прославата за Нова година :
недела, веднаш по Нова Година, 01.00 часот – “Џунгла”
Филмот е работен според вистински настан, а дејството се случува во 1981 кога изреалскиот истражувач и авантурист Џоси Гинсберг тргнал да ги истражува прашумите во Боливија, но ни на сон не можел да предвиди дека таму ќе остане „заробен“ цели три недели. Џоси го прифаќа повикот од еден таинствен Австриец, кој се претставил како геолог, но дури во прашумата тој и пријателот сфаќаат дека се работи за криминалец кој е во потрага по злато.
Филмот е австралиско-колумбиска продукција, а главната улога ја толкува Даниел Ретклиф, познат како Хари Потер.
недела, по Нова Година, 02.50 – “Стриптизер”
По лудата новогодишна ноќ, време е за комедија на Прва. За да може да ја плати екстравагантната венчавка, која ни тој ни таткото на неговата идна сопруга не можат да си го дозволат, Бен е принуден дополнително да заработува како стриптизер! Насмејте се со Џо Харсли во улогата на Бен во американскиот филм од 2011 година.
понеделник, 1 јануари, 17.45 часот – “Шелби, кучето што го спаси Божиќ”
Роб Шнајдер, Том Арнолд и Џенифер Гибсон ќе ги гледаме во семејната драма точно за релаксација од минатата ноќ. Дејството се случува на Бадник, кога малиот Џејк го пронаоѓа кучето Шелби и оттогаш стануваат неразделни. Џејк сака да биде магионичар, а Шелби станува негов асистент. Оттогаш, тие двајца стануваат неразделни. Голема пречка за нив претставува локалниот ловец кој е опседнат со кучето и неуморно го бара сакајќи да го раздели од Џејк.
понеделник, 1 јануари, 21.30 часот – “Балканот не е мртов”
Во 1905 година Европа го достигнува зенитот на славата.. Европејците се вџашени од технолошките достигнувања и појавата на филмот, во европските градови има паради на радост и луксузни забави. Луѓето од стариот континент ја поздравуваат новата епоха која ќе ги обедини, ќе стави крај на војните и ќе донесе радост, напредок и благосостојба. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманска Империја се распаѓа. Овој филм ја раскажува приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте, но и за Осман-бег и Македонката Цвета.
Продукцијата е на „Кино око“ од Македонија во партнерство со продуцентски куќи од Србија, Хрватска и Словенија. Режијата е на Дејан Дуковски, музиката на маестро Џајковски, а улогите ги толкуваат Никола Ристановски, Наташа Тапушковиќ, Драгана Костадиновска, Раде Шербеџија..
понеделник, 1 јануари, 23.30 часот – “Светска војна 3”
Приказната за филмот „Светска војна З” настанала како постапокалиптична хорор новела на славниот сценарист и писател Макс Брукс.
Холивудската супер ѕвезда Брет Пит се јавува во главната улога во овој високобуџетен хорор, во кој зомби апокалипсата ќе го доведе до работ на уништување.
Еден обичен ден Гери Лејн и неговото семејство ќе се најдат сред голем сообраќаен застој. Поранешниот истражител на Обединетите нации Лејн насетува дека не се работи за обичен метеж. На небото летаат полициски хеликоптери, по улиците дивеат мотории, а во градот одеднаш настанува хаос.
Од некоја непозната причина луѓето почнуваат дивјачки да се напаѓаат едни со други поради убиствениот вирус што се шири само од едно гризнување и ги претвора здравите поединци во нешто непрепознатливо и животинско. Сосед напаѓа сосед, а странец кој претходно сакал да помогне некому, одеднаш станува опасен непријател. Не се знае како се појавил вирусот и бројот на заразените рапидно се зголемува секој ден. Се случува светска пандемија. Секоја нација, секое оружје и секоја војска ќе се „дигне“, бидејќи последната надеж за спас е – војна!
Дани | ТВ Пакет