Нова сезона од емисијата на Скендеровски продукција
По “Јади бурек” која замина на Тв Сонце, телевизијата Сител 3 останува и без уште една премиерна програма. Забавната емисија “Улица Македонија” се враќа со нова сезона на малите екрани. Но, овојпат нема да се емитува на Сител 3, туку на програмата на ТВ Нова.
Во секоја емисија, во еден староградски амбиент со нежна и топла музика, бившата поп пејачка Бојана повторно ќе ги пречекува новите гости и низ разговорот во новото студио, гледачите ќе дознаат интересни детали од животите на познатите.
За новиот почеток, авторите на проектот велат : “Како што ветивме во новата сезона ќе има многу незаборавни емисии, многу музика, дружење со интересни гости и нивните интересни приказни, подароци за вас гледачите и многу повеќе забава за да ги исполниме вашите очекувања и да го задржиме вашето внимание..”
Дани | ТВ Пакет