Почетна / Сапуници / Али Неџат од „Јазол“ : Бурниот живот со жените заврши кога се оженив

Али Неџат од „Јазол“ : Бурниот живот со жените заврши кога се оженив

 

Актерот бил во врска и со партнерката од “Ифет”

 

 

Ибрахим Челикол, згодниот 36 годишен турски актер, имавме можност да го запознаеме како главна машка улога во сериите Татко и синови, Ифет, Милост и Специјалци, а во моментов го гледаме во новата викенд серија “Јазол” која се емитува на Сител телевизија.

 

 

Во турската јавност е познат по многутте љубовни врски, меѓу кои и еден пропаднат брак и најновото брачно остварување со сопругата Мире Мутлу.

 

 

Во продолжение следува интервјуто направено со него, во кое на интересен начин зборува за работата и приватноста:

Многумина ќе речат дека дека си луда глава. Кои се твоите граници во ова лудило?
-Јас сум еден од оние кои сакаат слобода. Кога ќе ми порасне адреналинот, тогаш не постои ограничување, граница на мојата лудост. Со годините станувам сѐ полуд и без памет.

Која фраза ти паѓа на памет кога е во прашање твојот живот?
– Прифати го животот сериозно. Живеј онака како што ти душа сака, бидејќи животот е краток.

 

Дали си дружељубив?
– Сакам да бидам со луѓе, да го споделувам своето време со нив, да кумуницирам, да бидеме заедно во добри и лоши времиња….

Што сакаш да правиш кога си со пријателите навечер излезен?
– Порано да ме прашавте, ќе одговорев на друг начин. Сега немам ноќен живот. Откако се оженив изминатово лето, целосно се посветив на сопругата, на семејниот живот и секако на професијата. Затоа можам да кажам дека слободно време за ноќно излегувања речиси и немам.

 

 

Според тебе, како треба да живее еден актер?
– Немам одреден одговор на ова прашање. Пред сѐ, ние сме луѓе. Секој од нас има некои свои очекувања и настани во животот, и сите ни се важни. Кога нешто ќе проживеете, не го доживувате тоа како актер, туку како човек што постои. Но, да бидеш познат со себе носи некоја одговорност. Мислам дека во животот сѐ мора да биде избалансирано. Да се направи баланс меѓу работата и приватноста.

 

Дали ја сакаш глумата? Дали планираше да станеш актер?
-Отидов со еден пријател на кастинг, и не ми падна на памет дека ќе ја добијам главната машка улога уште во 2008та година во една нарко крими серија. Сѐ тоа беше сосема случајно. Но, глумата не е случајност или спонтаност. Треба многу труд и работа, вложувања, многу напор, одрекување и висока концентрација.
Работата е емотивна, но човекот не би требало да ги пренесува своите емоции ненамерно. Понекогаш имам желба да оставам сѐ, да се откажам. Но, тогаш нешто во тебе не ти дава мир, не можеш да се откажеш. Тогаш продолжуваш со уште поголема желба. Јас во својите улоги внесувам најмногу од себе. Незабележливо, имам желба да учествувам во мјузикал или претстава. Претпоставувам дека ова е сон на секој актер, да се најде со својата публика лице во лице и да им се предаде на своите емоции.

 

 

Која последна книга ја прочитавте? Дали гледате серии?
– Во моментот го читам романот „Почеток“, Ден Браун. Во слободно гледам неколку странски серии (емисии), кои долго ги следам. Ги следам секако и моите серии, на турските телевизии.

Која е најдобрата работа која ја имаш направена за себе?
– Професијата. Таа е еден од најважните избори на човекот во неговиот живот. Убаво е што работам како актер. Можеби не постои таква професија во која можам да се докажам и да ги покажам моите емоции, како што е оваа.

 

Дали некој може да му се спротивстави на таквиот поглед? Дали се чувствуваш како привлечен маж?
– Зависи од мојата моментална состојба. Јас сум привлечен само кога се чувствувам добро. Така се доживувам, а така ме доживуваат и актерите, па и гледачите низ моите улоги.

Со кој спорт се занимаваш? Како ја одржуваш формата?
– Играм кошарка, во лето и зима пливам. Спортот е дел од мојот живот. Порано и активно се занимавав со кошарка, но поради многутте обврски со актерството, тоа сепак остана само хоби.

 

 

Да бидеш човек на природата, да живееш во село, и да бидеш популарен…Како се снаоѓаш со тие спротивставености?
– Задоволство е да добиеш сѐ. Не постои логично објаснување. Во секоја работа пронајдов одредена енергија. Ги соединувам овие различни енергии од овие спротивставености, добивам посебно задоволство.

Каков си кога си заљубен? Која е најважната работа во односите?
-Да останете слободни и да дадете слобода, почит и да бидете пријатели.

 

Што тражиш кај спротивниот пол? Што најмногу те привлекува?
– Едноставна, природна, вистинска. Токму таква е и мојата избраничка.

Имаш ли домашни животни? Како се чувствуваш кога си со нив?
– Ги сакам животните, моите кучиња….Чувствувам мир кога сум со нив.

 

Омилена улога?
– Од секоја улога научив по нешто. Секоја од нив ми допринесе нешто. И затоа не сакам да изберам. Додека се снимаше “Ифет”, омилена ми беше улогата на сиромашен и емотивен таксист каков што бев таму. И во “Специјалци” ми беше омилена улогата на таен агент, а со “Јазол” сфатив колку е тешко да се одигра еден таков емотивно сложен лик, но подеднакво драг како и сите претходни улоги.

„Црно бела љубов“ е вашата најнова серија која се емитува во Турција. Како се припремаш за оваа улога?
– Најтешко е да излезеш од улогата. И на мене ми беше така. Заспиваш и се будиш со таа улога за да биде добра. Многу читав за оваа улога да биде вистинита. Начинот на кој дa ја претставам…. успеав да се скарам и со многу луѓе.

 

Бирџе и ти сте сјаен пар во серијата. Како ја воспоставивте таа хармонија?
– Од почеток помеѓу нас се поклопија енергиите. И двајцата се обидуваме добро да ја изработиме својата работа, и двајцата ставаме „ние“ во прв план, а не само „јас“. Работиме заедно за да постигнеме добар резултат. Воедно, како и во секоја претходна серија со моите колешки актерки.

Дали невозможната љубов помеѓу Асли и Ферхат во новата серија е навистина невозможна?
– По мое мислење не постои невозможна љубов. Ја сакам таа моќ на љубовта, што го прави невозможното возможно.

 

Каков си како личност?
– Емотивен сум. И одвнатре и однадвор сум многу збунета личност.

Каде сакаш да се видиш себеси за десет години?
– Во мир, уживајќи во својата работа, собирајќи витална енергија. Да го продолжам учењето, да бидам успешен. Да бидам со моите сакани луѓе, тоа го сакам.

Имаш ли стравови?
– Најголем страв е да не изгубиш некој близок и тоа прерано.

 

 

 

Што е со модата? 
-Ја сакам црно – бело комбинацијата, но немам никакви ограничувања. Ги носам сите бои. Ја следам модата и облекувам она што ми одговара. Во слободно време носам спортска облека. Порано бев и модел, па затоа уште од мали нозе сум врзан со модните трендови и новости.

Кој е најинтересниот комплимент кој си го добил во животот?
-„Ако можам да изберам друго срце, ќе го изберам твоето“.

Интересот на жените е голем. Дали е тоа плус? Може ли ова да премине во минус?
 -Мислам дека тоа е поради екстериерот (изгледот). Дали ќе биде плус или минус, мислам дека карактерот игра главна улога овде. Овие заеднички интереси можат да ве застанат или да ве подигнат високо. Треба да си стабилен сето тоа да го контролираш.

Твојот слоган?
-Ако се плашите од своите соништа, тогаш тие не се толку големи.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!