(Интервју) За улогата на Дилара, за сопругот, за мечтите, за професијата …
Ебру Озкан е 39 годишна турска актерка, која имваме можност да ја запознаеме во една од првите турски драми “Имотот на дамата”, емитувана одамна на А1 телевизија. Потоа ја забележавме и во не толку познатата “Мајки и ќерки”, а сега ја гледаме во главната женска улога во хит серијата “Парампарче”.
Таа е ќерка на турски претприемач, има две постари сестри и еден постар брат кои си заминале од дома додека таа била мала. Таа шест години живеела со мајка си и татко си во мал град. Детството го поминала осамено и сакала да биде земјоделец, но љубовта кон актерството ја натерале да се запише на факултет во Анкара.
Меѓу првите успешни улоги е улогата во театарската претстава “Ромео и Јулија”, а популарност во матичната земја стекнала со улогата на злобната и доминантна Халиде, сопственичката на чифликот во “Имотот на дамата”.
Ебру имала неколку врски со свои колеги – актери, а оној со кој е во брак од јуни 2016 година е Ертан Шабан – македонски Турчин кој е роден во Скопје и ја гради својата кариера во Истанбул, а познат ни е од “Збогум Румелија”.
Во продолжение да го проследиме интервјуто во кое Ебру зборува за својот приватен живот и за својата улога како Дилара во “Парампарче” :
За почеток, со што имате проблем во вашиот живот?
Имам проблем со неправдата, со промените во ставовите на луѓето поради конкуренцијата, подлижувањето и со тоа што луѓето понекогаш намерно пробуваат да си наштетат едни на други. Се уморив и тие напори ме излудуваат. Исто така проблем ми претставуваат медиумите кои постојано ме набљудуваат. Накратко се што ми го одзема мирот и спокојот за мене претставува проблем.
А политиката?
Баш како што и реков погоре.
Добро, а што чувствувате поради цензурата и притисокот кои сосебе ги носи глумата?
Не можам да ја пронајдам вистината, не разбирам и зошто се некои работи во животот забранети. Јадеме, се заљубуваме, раѓаме и умираме….. Ако во вистинскиот живот не доживеете љубов, ако на екранот не се држите за раце или не се бакнувате, или во сцена во која изгледате пијано не пиете, се губи допирот со реалноста.
Дали некогаш сте примениле автоцензура?
Секогаш се однесувам во склад со она што го сметам за вистина и не ме интересира што ќе кажат другите за тоа.
Во каков период од животот сте сега?
Во убав период сум, уживам во се, немам големи желби и амбиции па затоа и не доживувам розачарување. Во џебот некогаш имам помалку, некогаш повеќе и од тоа нешто учам, стекнувам искуство.
Дали две личности кои се занимаваат со иста професија се досадни една на друга како што сте Вие и сопругот?
Не, напротив, тие се потхрануваат една со друга. Ја работите истата работа, ги делите истите грижи, тоа се работи кои ги зближуваат луѓето.
Дали постои нешто што никогаш не би сте го направиле да сте на местото на Дилара?
Всушност Дилара е во право.
Како? Луѓето ја гледаат како еден од многуте негативци кои се појавени на малите екрани во последно време?
Јас мислам дека Дилара е во право. Таа со својот свет и својот карактер го одржува она што го има научено од животот.
Изгледа дека многу сте се соживеале со улогата на Дилара?
Не, Дилара се бори за она во што таа верува, го штити своето живеалиште, семејството, децата. Затоа толку се уморува и ги заморува другите, за неа тоа е исправно и верува дека постапува исправно.
Не заборавајте дека на сила сака да го задржи сопругот кој не сака да биде со неа…
Да, но венчани се и имаат две деца, значи своевремено биле заљубени, имале допирни точки. Дилара е жена која не може да прифати пораз, не сака да изгуби под никоја околност. На бракот гледа како на работа, но секако чувствата не делуваат по таа логика. Проследете ги епизодите на оваа серија до крај и ќе ви стане јасно што зборувам. Дилата е борец, а на крајот, борците се тие што победуваат и што ја пишуваат историјата.
Дали би му се приближиле на маж кој не ве сака?
Јас не можам да бидам таква жена, тоа е невозможно. Оној кој сака да оди, нека оди…. Нека биде среќен, за да и јас бидам среќна.
Како делуваше овој лик на вашиот став спрема бракот?
Ми се допаѓа концептот на семејството, многу е важно семејството да се држи заедно и да бидат животни партнери едни на други. Во своето опкружување имам многу пријатели кои се венчани, па разведени. Мислам дека треба уште малку да се потрудат да го поднесат присуството на друга личност.
Дилара се наоѓа помеѓу својата биолошка ќерка и онаа која со години ја одгледувала како таква. Што мислите вие, дали е мајка таа што родила или онаа што го одгледала детето?
Тоа зависи од околностите, но мислам дека вистинска мајка е таа што го одгледала детето.
Што ако вашето дете е заменето?
И јас многу размислував за тоа, со години да одгледував туѓо дете и јас би умрела од омраза. Хаха. Сепак, “Парампарче” е само серија. Во реалноста не верувам дека се случуваат такви медицински грешки.
Да сте вие на нивно место, кое дете би го избрале вие?
Тука не доаѓа во обзир нашиот избор, треба да биде најдобар избор за децата, посебно оној кој е во склад со нивната психолошка состојба. Но, ова е став на Ебру Озкан, ако ова се гледа од агол на Дилара, таа нема да бира туку ќе ги земи и двете. Многу е тешко да се живее како Дилара, тоа е болест, таа поседува неверојатно ниво на опсесија. Тоа ја спречува да биде среќна и спокојна.
Вие не сте мајка, а серијата се темели на мајчинство. Дали ви беше тешко да ја спремите улогата?
Жена сум, со тоа имам инстинкт во себе, пуштам срцето да ме води.
Дали би сакале да имате дете?
Да, секако дека би сакала да имам дете, јас ги сакам децата.
| ТВ Пакет