Македонската радио телевизија продолжува да воведува нови препознатливи ликови како презентери во своите програми. Државната телевизија моментално е единствената во Македонија која ја презентира временската прогноза на посложен начин. Вечерва забележавме дека и презентерката Наташа Алексоска станала дел од семејството на МТВ1. Претходно ја работеше истата работа, но во А1 телевизија. Поради својата бременост беше принудена да земе одмор, потоа телевизијата згасна и не ја видовме повеќе, се до вечерва кога се појави како нов презентер во МТВ1. Потсетуваме дека МТВ Метео е релативно нова програма на МТВ1 и оти крај себе го имаат и Глигор Митков.
Chris | ТВ Пакет