Првиот сингл од “Новиот албум” на Слаткаристика “Олабави ме!” со својата видео приказна денес официјално ќе излезе во етер. Спотот кој го режираше Огнен Шапковски и истиот е веќе промовиран за прв пат на новата, официјална Веб страна на Слаткаристика (www.slatkaristika.mk).
Во иднина на неговиот персонален сајт ќе протекуваат ексклузивни информации за настапите и новостите на артистот. Со овој видео запис се најавува излегувањето во продажба на “Новиот албум” кој го издава тимот на Иноватива и Јованов рекордс.
Видео приказната е составен дел од инспирацијата на Марко Марниковиќ – Слаткаристика, за истата да биде успешна со своето учество допринесоа околу 200 статисти кои неуморно и одлично се снајдоа во целодневното снимање на видеото.
Goce | ТВ Пакет