Ајшеѓул била мажена за Саваш, сега е во врска со Појраз
Бурчин Терзиоглу е 37 годишна актерка која имавме можност да ја запознаеме во сериите Доктори, Милост, Езел, а веќе подолг период ја следиме во главната улога во крими драмата “Мојот син”, чии последни епизоди ги следите на Сител од понеделник до сабота во 22 часот.
Атрактивната актерка покрај пропаднатиот брак со Мурат Јилдирим (Саваш), сега е во врска со својот колега – партнер од серијата Мојот син – Илкер Калели.
Во продолжение проследете го интервјуто со Бурчин во кое таа говори за својот приватен живот, кариерата, улогата на Ајшеѓул :
За почеток, љубов или кариера?
Можам да имам кариера, во исто време и да сакам.
Колкав дел од твојот живот зазема глумата?
Мислам дека е рамномерна поделбата помеѓу глумата и остатокот од мене (мојот живот). Не умеам да работам ниедна друга работа освен глума. Не се школував да работам нешто друго, туку да глумам. Првата средба со камерата беше пред многу години, повеќе време поминував на снимања отколку во училиште. Глумата никогаш не ме изневери, како и јас нејзе. Го сакам и почитувам она со што се занимавам, дури и во најтешките денови во мојот живот, не правев пауза туку одев на сет. Во центарот на мојот универзум е љубовта – љубов спрема тие што ги сакам и спрема мојата професија. Сето тоа заедно сум јас.
Што те смирува?
Мене ме смирува океанот.
Што те прави среќна во врската?
Врската многу потсеќа на шопинг, но шопинг на чувствата. Емоциите не се секогаш возвратени, а јас не можам да останат во однос во кој нема силни чувства, па дури ако тој однос е пријателство. Јас се хранам со љубовта, но и мирот е многу важен кога си со некој. Важно е да ги прифатите маните на другата страна, се заедно да делите и одгледувате. Ако врската не напредува, ако не можете да ја разберете или објаснете, тогаш тоа не е цврст однос. Животот е полн со падови, има денови кога паѓате и станувате со рани. Среќна сум ако на крајот на таквиот ден имам некој кој ќе ми пружи мир.
Дали си бунтовник по природа?
Имаше моменти во минатото кога бев многу бунтовна, но набрзо сватив дека тоа ми донесе поголема болка и научив дека секогаш може да биде полошо. Одамна престанав со тие ставови и научив да го прифатам она што ми е судено, да не се карам со себе заради тоа. Избрав да бидат благодарна наместо бунтовна бидејќи никогаш не видов дека некој бунт е добро прифатен од околината.
Постои ли нешто што правиш или размислуваш различно до другите луѓе?
Не се разликувам од другите, не го најдов лекот против рак, ниту најдов решение за гладните во Африка. Немам посебна сила или можност да го натерам моето срце да засака некој, ниту да ја спречам мајката природа да оди по својот тек. Јас сум обична како повеќето луѓе, ништо помалку или повеќе исполнета со среќа или надеж.
Што е последното што го имаш направено за себе?
Неодамна бев болна и за тоа време прочитав три книги, за кои бев заинтересирана. Среќна сум заради тоа, а верувам дека и книгите се среќни. Веќе долго секојдневно патуваат со мене на сет, и мора да се уморни. Исто така ги слушав моите омилени плочи.
Постои ли реченица од филм која никогаш нема да ја заборавиш?
Тоа е фраза од серијата „Мојот син“, кога синот го прашува таткото: „Тато, дали нашите соништа се намалуваат додека растеме?“
Има ли нешто што би направила, а да знаеш дека ќе бидеш казнета заради тоа?
Не би сакала да кажам нешто срамно, но апсолутно сум против какво било насилство, а ми се чини дека земјата е полна со тоа. Би имала многу што да им направам на оние кои вршат насилство врз жените и животните.
Исхрана, спорт, здрав начин на живот – Колку ти е тоа важно? Со што се занимаваш?
По периодот кога сум премногу размазена и премногу јадам, се препуштам на процесот на детоксикација кој трае помеѓу седум и триесет дена. Сфатив дека тоа благотворно делува на моето тело, а тренирам кога ми останува слободно време од спиењето и снимањето. Секое утро медитирам барем пет минути бидејќи тоа ми значи за концентрацијата и подготвувам здрави оброци кои ги носам со себе во текот на денот.
А сега да преминеме и на серијата “Мојот син”. Кога прв пат го прочита сценариото, што помисли за твојот лик? Ајшеѓул го отфрлува својот татко заради мрачната страна, таа има свој, дефиниран начин на живот. Да си на нејзиното место, дали би постапила како неа?
Реков, „Браво, види ја ти Ајшеѓул“. Иако ги има сите можности на овој свет на располагање, таа бира да засади свое семе и да го одгледува, но во своја, а не во градината на нејзиниот татко. Никогаш не прифаќа помош, секогаш се потпира на самата себе. Ги изгубила оние кои најмногу ги сакала, но никогаш не се повлекла, тука продолжила да оди напред, на пример станала докторка. Да можела, би го дала својот живот да за да ги спаси својата мајка и брат, но тоа е невозможно и затоа станала докторка за да може да ги спасува животите на другите луѓе. Нејзиниот татко е страв за многумина во градот, но таа стои одлучно пред него сметајќи го за погрешен неговиот начин на живот. Ја сакам Ајшеѓшл, им дава моќ и сила на сите што се покрај неа. Не успеав да сфатам што би направила да сум на нејзино место.
Како се чувствуваш кога ќе ги слушнеш реакциите на луѓето за серијта?
Кога ќе слушнете позитивни реакции, почувствувате големо задоволство. Тоа ме одржува во моментите кога колената ме болат од умор или кога ќе се фатам себе си како гледам во празно кога не сум доволно наспана. Се сметам за среќна затоа што учествував во овој проект и благодарна сум што нашата напорна работа е ценета од публиката.
И за крај, кои пет зборови најдобро го опишуваат Појраз Карајел?
Остроумен, стравствен, шаренолик, реален и возбудлив. Таков е во серијата, таков е мојот Појраз и во приватноста.
| ТВ Пакет