Руско кино во Рускиот центар во Скопје
По повод 120-годишнината од раѓањето на Сергеј Михајлович Ејзенштејн, Рускиот центар при УКИМ ќе прикажува проекција на филмот “Оклопницата Потемкин”. За значењето на филмот за светската кинематографија, за режисерската естетика и за творештвото на Сергеј Ејзенштејн воведно предавање ќе одржи Ана Глигорова, магистер по културологија и ТВ-режисер.
По проекцијата на филмот следува дискусија со присутните. Настанот ќе се одржи во седиштето на Рускиот центар ул. „Теодосиј Гологанов“ бр.28, трети кат, на 22.1.2018 г. (понеделник) во 19 часот.
Дани | ТВ Пакет