Почетна / Филм / Викендот завршува со италијанска драма и еротски трилер на МТВ 1

Викендот завршува со италијанска драма и еротски трилер на МТВ 1

 

Вечерва на МТВ 1 :

 

недела, 21.01.2018, 20:40 часот – “Совршени странци” (Perfetti sconosciuti)

Италијанска драма комедија на Паоло Џеновезе која ќе не запраша – дали доволно добро ги познаваме своите блиски пријатели и можеме ли да ги насетиме нивните тајни?

 

 

За време на една вечера, седуммина пријатели убедени дека немаат никакви тајни меѓу себе, решаваат да играат една опасна игра. Секој од нив мора да го стави мобилниот телефон на маса, и сите пораки и повици стануваат јавни. Тие се обидуваат да докажат дека нема што да скријат едни од други, и наивната игра се претвора во нешто сосема друго. Скокотливите пораки се доволен показател колку всушност малку знаат за своите партнери и пријатели, со што сериозно се нарушува дотогашната пријатна атмосфера.

 

 

недела, 21.01.2018, 23:00 часот – “Станот” (Loft)

За крај на викендот, трилер на Прва со главни улоги Карл Урбан, Џејмс Марсден, Вентворт Милер. Филмот ја раскажува сторијата за петторица мажи потајно изнајмуваат стан каде што можат без страв да уживаат во вонбрачни љубовни афери и да си ги остварат најголемите фантазии.

 

 

Меѓутоа, фантазијата се претвора во ноќен кошмар кога во станот наоѓаат мртво тело на непозната жена и дека еден од нив има врска со овој настан. Тие стануваат параноични, почнуваат да се сомневаат секој во секого, што ги доведува во прашање меѓусебното пријателство и доверба. Истовремено, под притисок на страв, сомнеж и убиства, почнуваат да им се распаѓаат и браковите.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!