Секоја недела – емисија за македонскиот идентитет и култура
“Исконски думи” е ТВ емисија која неколку сезони се емитува на телевизија Сонце. Милева Лазова е уредник водител на емисијата, чија цел е афирмација и зчаувување на исконските, македонски вредности од аспект на јазик, традиција, музика, култура, целосно национално богатство.
Во вечерашната емисија во 18.30 часот, гостинка на Милева е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, а ќе се претстави и изложбата “Хероите на градот на Вардар”. Репризата на емисијата е во среда во 16 часот и во четврток наутро во 5.10 часот.
Дани | ТВ Пакет