Што ќе се случи вечерва со главниот пар ?
Појраз беше човекот во кој се соединија љубовта и омразата, доброто и злото, чесноста и криминалот. Човек кој го допре самото дно на животот, но љубовта кон синчето и љубената Ајшеѓул секогаш го туркаа напред, кон нови цели и нови победи. И сега… кога конечно сите работи се расчистија, дојде време да се збогуваме со семејната крими драма со која уживаше ТВ публиката изминатите месеци.
Вечерва во 22 часот на Сител телевизија е финалето на “Мојот син”. Збогување со Појраз и Ајшеѓул, и сите ликови кои беа дел од борбата за среќа и потрагата по правда. Но, крајот не е воопшто таков каков што многумина очекуваат да биде.
Последната епизода ќе донесе вистински шок за гледачите. Негативката ќе проба за последен пат да расчисти со Појраз и Ајшеѓул, но дали тоа ќе значи трагедија за вашите омилени ликови? Вечерва на Сител, веднаш по новата играна серија “Карасевда”, неочекуван крај за несреќните Појраз и Ајшеѓул.
Дани | ТВ Пакет