Каков викенд за шефот на Фејсбук, само ден откако неговата компанија излезе на берза со пазарна вредност поголема од сто милијарди долари, тој се ожени со својата долгогодишна девојка Присила Чан.
За да го избегнат медиумското внимание и фотографите, парот се одлучи на прилично необична церемонија, па за венчавката претходно не ги известиле ниту познаниците, ниту медиумите, туку пријателите ги повикале на прославата по повод дипломската на неговата девојка. Со оглед на тоа дека прославата е организирана во куќата на Марк никој и не претпоставувал дека се повикани на венчавка и останале изненадени кога виделе дека Присила носи венчаница.
Веста и фотографијата од венчавката на Марк Цукерберг се објавени на неговиот профил на Facebook.
Goce | ТВ Пакет