Македонскиот програмер за кој слушна целиот свет, Рамадан Дан Лимај и популарниот пејач Адријан Гаџа објавија фотографија на која напорно вежбаат за да ги одржат своите совршени тела.
Работата како програмер за светски гиганти на Дан му одзема огромно време, но сепак тој пронаоѓа време за да се дружи со своите пријатели и да ја одржува својата змиска форма за која бројни модни агенции изразија желба да го ангажираат.
Гаџа неодамна на јавноста и ја откри својата тајна за убавина и се пофали за соработка со првиот центар против стареење во Македонија, престижниот бренд „Anti-Aging Center by Promoitalia“, а на своите профили често објавува фотографии додека во доцните часови од ноќта вредно работи во своето музичко студио.