Традиционалниот Саем За Венчавки по 8ми пат годинава ќе се одржи од 23 до 25 февруар во х. Александар Палас.
Саемот е извонредно место за решавање на сите свадбени потреби и идеи. 50тина изложувачи од сите свадбени категории ќе ви ги претстават најновите свадбени трендови, а свадбената шопинг картичка ќе ви овозможи и голема заштеда при набавката на сите потреби за вашата свадба.
Првиот ден 23 февруар со почеток од 20ч е свеченото отворање. И овој пат на ревијата ќе се појават познати македонски дами и џентлмени во венчаници и костуми, а целиот амбиент ќе биде во стилот на свадбена дизниева бајка.
За убавата атмосфера на отворањето ќе се погрижат 12 дами (Пламенка Трајковска оркестар) кои со своите гудачки инструменти ќе не внесат во бајката на секоја принцеза. Главната улога на принцеза Пепелашка ја има прекрасната водителка Александра Велинова која ќе биде водител на тридневниот настан.
Вториот и третиот ден е посветен на сите идни брачни парови и нивните најблиски.
На простор од 1700м2 и 50 тина штандови ќе уживаат и ќе го планираат својот совршен ден. За сабота и недела се закажани неколку индивидуални модни ревии на венчаници, костуми како и работилници и презентации на невестинска шминка и фризура.
Доколку сте во потрага по венчаница, фустани за деверици или пак свечен фустан еве кои креатори и модни куќи ќе можете да ги видите со новите колекции на саемот. Елена Лука, Мила Кадриу, Антонија Ристовска, Пепика атеље, Дивајн Дрес, Армариум, Кокев, Атеље Форевер, Ива Атеље, Фешн фор ју, Елизабет Дизајн,Свадбени Хенд мејд кондури Каникова, Сињори, Диас и Тивес. При изборот на накит и бурми тука се да ви помогнат од Адор Голд.
Убавината на свадбата секогаш зависи и од декорацијата која ќе ја одберете. На саемот ќе можете да видите што е новитет во декорирањето како и во свадбеното осветлување. Кога на едно место ги имате најдобрите тогаш и вам ќе ви биде полесно.
При изборот на фотограф никогаш не смеете да си дозволите импровизација, секогаш барајте го најдоброто. На саемот се токму тие, најдобрите. Секако неколку од штандовите се резервирани и за свадбени покани.
Со свој изложбен простор на саемот ќе се претстави и светски реномираната компанија Цептер која на идните младенци и гости ќе им даде можност да одберат подарок за себе и блиските. Цептер на саемот ќе има и свој мини бар каде гостите ќе можат да уживаат во вкусот на најдоброто зеспресо кафе.
Дани | ТВ Пакет