По Невреме и Светлина во мрак, следува нешто побрзо
Конечно во етер излезе долгоочекуваниот видеоспот на најновото музичко остварување на Антониа Гиговска – „Слаба Страна“. Песна на која како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковска.
Песната веќе неколку недели е објавена по речиси сите радиостаници во Македонија, а коментарите се и повеќе од позитивни. Особено поради ова е среќна Антониа, која верува дека во нејзините раце има уште еден хит за својата армија од фанови.
– Нема да бидам скромна и ќе кажам дека ова е една од подобрите песни кои публиката ќе има прилика да ги слуша. Лазар и Магдалена направија совршенство од песна, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, убедена сум дека ова е тоа – вистинското, вели младата и талентирана пејачка Гиговска.
Како режисер на спотот се потпишува Бане Поповиќ и неговата „Томато-продукција“, а особено придонес имаат момците и девојките од „Beatrix Crew“, вештите раце на Даниел Николовски и „Fashion Group“. По прекрасните балади изминатата година, слушнете ја “Слаба страна” во побрз ритам :
Дани | ТВ Пакет