Македонската водителка Александра Илиевска беше дел од овогодишниот Саем на венчавки 2018. Креацијата која Александра ја промовираше на Саемот е дело на Мила Кадриу, фризурата е дело на тимот на Даниел Николовски, а фотографијата ја направи Fashionel.mk.
Многу познати дами од македонската сцена прошетаа на пистата во креации од познати дизајнери. Некои од нив за првпат беа во невестински фустан, други пак го носеа и повеќе од седумпати.
Инаку, за македонските гледачи, слатката Александра е позната како водителка на лиценцираното кулинарско гејм шоу “Брза кујна”, кое ексклузивно се емитува на Сител во 17 часот. Во 2016-та година се омажи со Александар.
Дани | ТВ Пакет