Вечерва во 20.45 – “Вдиши”, а по филмот старт на крими серија
По завршување на Зимските олимписки игри, во програмата на Прва се враќаат вечерните играни филмови и играни серии. Секоја вечер по 20 часот, филм на МТВ 1. Денес на ред е романтична драма со Гај Пирс, Фелисити Џонс и Ејми Рајан во главните улоги.
Интимна и интелигентна романтична драма за една забранета љубов која „одекнува како симфонија“. Софи е млада студентка која по пат на размена доаѓа во едно среќно семејство на север од Њујорк, каде што таткото на семејството и дава часови по клавир.
Мѓутоа, нејзиниот копнеж по возбуда и незадоволството на Кит од брачниот живот прераснуваат во опасна романтична врска од која Кит го ризикува својот мирен и удобен живот во предградието и си го загрозува бракот.
По завршување на филмот, следува првата епизода од новата скандинавска крими серија. Не пропуштајте.
Дани | ТВ Пакет