вторник – среда, 19 часот, крај на сезоната за пансионот во Преспа
Дружењето со домашната хит комедија се ближи кон крајот. Денеска и утревечер во 19 часот на ТВ 24 ќе бидат емитувани последните две епизоди од втората сезона на вашата омилена “Преспав”.
И оваа сезона уживавте во урнебесните ситуации со вашите најсакани Јелена, Марио, Талат, Ула, Коста, Миле и Тони. Првата средба со Џамвазов беше во епизодата со Преси, езерското чудовиште, а за судбината на Преспав на многупати се плашевме во епизодите за Поткуп, Лихвари, Инспекторка Ленка итн.
Плачевме од солзи со нашите омилени рецепционери во Веслав и Стрико од Америка, а во епизодата со спорот со името, видовме хумористичен приказ на актуелната политичка ситуација.
И така… останаа само уште две епизоди од оваа сезона на “Преспав”. Што не очекува на крајот на оваа сезона, гледаме вторник и среда во 19 часот на ТВ 24. Репризите се вечерта во 22.30 часот. “Преспав” стана поим за квалитет во македонската домашна продукција и од таа причина, гледачите очекуваат и во иднина, нови сезони од хит ситкомот.
Дани | ТВ Пакет