Уште една вечер за паметење и уживање се случи во МОБ
Заврши четврттиот ден од концертниот маратон на Каролина Гочева. Четвртта вечер на нови емоции и нови задоволства од целата приказна наречена “Извор”.
Публиката повторно се сплоти со бендот кој маестрално ја изведуваше секоја следна композиција од новиот албум и секоја посебно одбрана од претходните етно албуми.
Во публиката повторно можеа да се видат многу познати македонски јавни личности, меѓу кои и блиските пријатели на Каролина – Елена Ристеска и Панчо ДНК.
– ПРЕЈАКООО маче многу се радувам за тебе, а овој портрет го очекувам одамна 🙂 ЧЕСТИТКИ за албумот, не се сомневам дека е уникатен и едвај чекам да го чујам во живо.. ТЕ САКАМ ❤️❤️❤️
За Каролина и нејзиниот тим остануваат уште три концерти од овој маратон. 1, 2 и 3 март се датумите кои ќе ја одбележат оваа музичка историја на “Извор”, датумите кога нови лица ќе станат дел од магијата во Македонската опера и балет.
Фотографиите се дело на Stefan Rajhl.
Дани | ТВ Пакет