Почетна / МК Сцена / Стефановски: Следуваат подобри денови за пливањето во Македонија

Стефановски: Следуваат подобри денови за пливањето во Македонија

Пливањето во Македонија ќе може да се подигне на ново ниво откако на вонредно собрание за претседател на Пливачката федерација на Македонија беше избран Дарко Нешков.

Познатиот македонски пливач кој прв јавно проговори за ужасните услови за пливање во Македонија, Мартин Стефановски беше избран за претседател за пливање и потпретседател на Пливачката федерација.

– Чест и задоволство ми е да ја водам функцијата претседател за пливање, односно потпретседател на Пливачката федерација на Македонија. Тврдам дека оваа функција ќе ја водам чесно и одговорно, вели Стефановски за назначувањето.

Стефановски вели дека сака да го искористи своето интернационално искуство за да ги достигне максималните капацитети за развој на пливањето во Македонија.

– Сакам да го искористам моето интернационално искуство, за да ги достигнеме максималните капацитети за развој на овој спорт во Македонија. Сакам да воспоставиме интернационална соработка која ќе ни помогне да запливаме во конечно добар правец и да го подигнеме пливањето на ниво каде што заслужува да биде, вели Стефановски.

Новиот претседател за пливање, Мартин Стефановски вели дека во процесот ќе ги вклучи сите спортски работници и љубители на пливањето со цел да се добијат подобри резултати, а за старото раководство вели дека сака тоа да остане како едно лошо минато кое нема да се повтори.

– Целта ни е сите спортски работници, но и љубители на пливањето да бидат вклучени и инволвирани во процесот на развој и заеднички да си помогнеме во поставувањето на еден функционален систем кој на крај ќе ни донесе добри резултати.

Нема да ја коментирам ситуацијата во која се наоѓаше федерацијата изминатиов период, нека остане едно лошо минато. Не чека прилично напорен период.

Како потсетување, Мартин Стефановски беше првиот пливач кој без влакна на јазикот јавно проговори и ја отвори дебатата за лошите услови со кои се соочуваа пливачите во нашата земја. Стефановски беше прогласен и за вонсериски шампион кој држеше рекорди во две соседни држави, а за неговите успеси слушна целиот свет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!