Нова фреквенција и нов термин за Бојана
Известување до сите гледачи на македонската забавна емисија “Улица Македонија”. Од сега, тв емисијата продолжува со емитување на ТВ 24 и тоа секоја сабота во 14.30 часот. Оваа сабота, гостин на Бојана Скендеровски е талентираниот Даниел Кајмакоски, кој ја освои балканската јавност со учеството во регионалното талент шоу “Икс фактор”.
Инаку ова е втор пат, “Улица Македонија” да менува фреквенција. Од неодамна ја напушти Сител 3, а сега и Нова. Сител 3 повеќе не постои, затоа што ѝ беше одземена дозволата за работа, a каква судбина ја чека Нова, останува да видиме.
Дани | ТВ Пакет