Почетна / Спорт / Од сега, македонскиот фудбал ќе оди на ТВ 24, денеска Вардар : Силекс

Од сега, македонскиот фудбал ќе оди на ТВ 24, денеска Вардар : Силекс

 

14 часот, ТВ 24 – Вардар игра против Силекс, Вардарци со бојкот

 

Денеска, на националната арена „Филип Втори“, тимот на ФК Силекс ќе бидат гости на бранителот на титулата предводен од Чедомир Јаневски, кој наидува на проблеми на секое соочување со својот нареден противник во рамки од 22. коло. Силекс успеа да остане непоразен на две од последните три средби со Вардарци, од кои и двете завршија без ниту еден постигнат гол. Жикица Тасевски одлично ја води екипата од Кратово, која успеа да се провлече веднаш зад фаворитите, Шкендија и Вардар, а зад себе да ги остави Работнички и Шкупи, кои имаат пет бода заостанување.

 

 

Македонскиот фудбалски првак Вардар, пак, ќе ја бојкотира одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да не ја казни Шкендија поради „случајот младинец“ и ќе игра со младински фудбалери на наредните два меча.

Револтирани од одлуката на „Куќата на фудбалот“, од таборот на најтрофејниот клуб соопштија дека наредните натпревари ќе ги играат со младински состав. Конкретно, се работи за натпреварите во ПМФЛ со Силекс, како и дуелот од Купот на Македонија против Шкендија во Тетово. Засега, со младинци ќе се играат само овие два меча, а во понатамошниот дел од сезоната ќе се одлучи што понатаму – пренесува GOL.MK.

 

 

Од денеска, натпреварите во Првата македонска фудбалска лига ќе се емитуваат на ТВ 24, откако Нова телевизија остана без премиерна програма .

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма меѓу добитниците на Златен олимписки оскар од Шабан Трстена

Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!