“Преспав” на ваше задоволство повторно на ТВ 24
Македонската хумористична играна серија “Преспав” со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот “Преспав” со задоволство ја пратеа и втората сезона на ТВ 24.
Омилениот ситком со втората сезона заврши минатата сезона, оставајќи го отворено прашањето за иднината на Преспав. Јелена и Марио и повеќе од веројатно е дека не успеаа во намерата да заминат за Њујорк и се вратија во Преспа, а Ула, Тони и Коста добија неочекувана понуда за продажба на пансионот.
Во истите термини во кои одеше премиерата на втората сезона, ќе ги следите и репризните изданија. Секој вторник и секоја среда во 19 часот и 22.30 часот, како и сабота и недела во 19 часот. Потсете се на згодите и незгодите на сопствениците и песоналот во “Преспав”.
Дани | ТВ Пакет