Вечерва имаме можност да ја погледнеме светската атракција Fire of Anatolia со нивното спектакуларно шоу кое никого не остава рамнодушен.
Основен концепт на Fire of Anatolia е спојот на цивилизациите. Тоа е танцов портрет давајќи универзални пораки за мир.
Шоуто ќе го отворат специјалните гости на настанот, односно националниот ансамбл за народни игри и песни – “Танец”, светски докажаниот амбасадор на македонскиот фолклор.
Со почеток во 20.30ч, во Вип Арената Борис Трајковски ќе гледаме светско шоу, со современи стандарди, комбинирање на фолклорни игри со балет, со современи танци и други дисциплини на танц, спектакуларно шоу кое долго ќе се памети.