Недела во 21 часот, време за театар на Наша телевизија
Наша тв е единствена телевизија која емитува театарски претстави, претходно изведени во македонски театри или некакви манифестации. Вечерва, 18-ти март, во 21 часот часот ќе биде прикажана драмската претстава „Архелаос“ од Јордан Плевнеш во режија на Слободан Унковски. Се работи за драма за една изгубена трагедија која го следи враќањето на Еврипид, најтрагичниот трагичар кој се’ можел да претвори во песна, и кој прогонет од атинската демократија доаѓа во македонското село Аретуса, денешен Маслар, каде што умрел во 406 година п.н.е.
Во претставата, покрај врвните актерски креации на членовите на ансамблот на Драмскиот театар од Скопје, значаен елемент е и звучната слика што ја потпишува Валентино Скендеровски.
Во претставата настапуваат Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја Вељковиќ-Пановска, Калина Наумовска, Катерина Аневска и Билјана Беличанец-Алексиќ. Костимите се на Елена Дончева, сценографијата на Владо Ѓорески Рафик, а музиката е на Константин Плевнеш.
Дани | ТВ Пакет