Почетна / Сапуници / Харун од „Парампарче“ : Сé уште се хранам со енергијата на гневот

Харун од „Парампарче“ : Сé уште се хранам со енергијата на гневот

 

Харун зборува за младите години, но и за својата кариера

 

Бариш Фалај е 45 годишниот актер кој имавме прилика да го запознаеме во серијата „Една силна жена“, мегахитот „Езел“, и во хит серијата „Парампарче“. Бариш не е само добар актер, истовремено е и добар татко и љубовник кој вели дека животна пресвртница е денот кога ја запознал неговата сопруга. Во продолжение интервју со негативецот од турските серии :

 

 

Кога ќе ви понудат нова улога, кои критериуми ви овозможуваат да се одлучите?

Се разбира, квалитетот на сценариото е многу важен. Имавме предавања од драматургијата на факултетот и затоа, благодарение на сите наши драги професори од теоријата на театарот, научивме да читаме малку текст. Сметам дека е многу драгоцено кога актерот знае како правилно да го прочита текстот. Кога заклучувам дека текстот е добар и пријатен, гледам колку можам да направам со улогата. Ако верувам дека со неа ќе можам да излезам на крај и дека таа улога ќе разбуди возбудa во мене, се “фрлам” на нејзе!

 

 

Што театарот и глумата ве научија за животот?

Сметам дека највредната страна на театарот е дека ни пружа живот каков инаку нема да видите толку лесно. Заради тоа ни донесува потполно различни погледи на животот и тоа е најголемата сила на драмските дела. Ни овозможува полесно да ги перципираме животите за кои сме мислеле дека нема да можеме да ги сватиме и сметам дека развива страшна моќ на издржливост во човекот. Заради тоа сите ние во семејството ги сакаме драмските дела.

 

 

Познати се театарските проблеми во Турција. Дали во тие околности глумата во сериите е помалку и потребна?

Јас сум уметник во јавна институција, државен службеник. Се знае колку заработуваме и погрешно е сега тука да плачам за тоа затоа што не може многу да се каже за економската структура во Турција и за тоа колку луѓето заработуваат. Имаме проблем со публиката и сцената, имаме сала во која можат да влезат 600 луѓе, а веќе 10 години не гледам празно место во театарот. Но, како и сите останати, и јас сакам да го подигнам животот на поквалитетно ниво, и да овозможам на своето дете подобра иднина. Сериите во тој поглед ви овозможуваат подобра финансиска ситуација, но истовремено одземаат толку време што немате кога да ги потрошите парите кои сте ги заработиле.

 

 

Во кои точки се разликуваат глумата во сериите и глумата во театар?

Тоа се несомнено различни дисциплини. Во првата се припремате со недели, имате многу можности и време за проба за да дадете поширока димензија на својот лик, додека во другата работите скоро и без проба. Креативноста во вашата глума во театар извира од потполно друго место од онаа во глумата во сериите. Но на крај, и едното и другото е глума, и за се вреди иста работа, а тоа е уметноста да бидете некој друг. Во се тоа раскажуваме некоја приказна, ние сме тие раскаувачи и затоа мораме правилно да ја раскажеме приказната, а потоа да создадеме задоволство.

 

 

И вашата сопруга е театарска актерка, како се упатувате еден со друг во професионална смисла, дали дава критички осврт на вашата глума, дали ја слушате?

Секогаш ја слушам, сопругата е побезмилосна од мене самиот, но сметам дека Есра има добро око. Го гледа текстот од различни агли кои јас не ги гледам. Го чита добро текстот, што е срж на целата оваа работа. Покрај тоа, кај актерот е сигурно присутно тоа да својата улога не може добро да ја види секогаш. Еден прецизен поглед однадвор, многу помага, и ние го користиме тој благослов.

 

 

Кои се по вас најважните случувања или личности кои ве направиле Бариш Фалај каков што сте денес?

Тоа што поради лошото однесување и младешкиот жар ја повторував втора година гимназија, тоа што сум дрштвен човек, што многу излегувам на улица па благодарејќи на тоа се запознав со театарот, потоа училиштето што го одбрав и кое  ме одбра мене, моите професори, и најважната личност, воедно онаа од која имам најмногу корист – мојата сопруга. Таа ми даде храброст да се испробам во глумата на други места, надвор од театарот, инаку јас мирно би живеел во сопствениот скромен свет во Измит.

 

 

Како би се опишале себе си на некој кој воопшто не ве познава, односно што ве прави тоа што сте?

Сакам да се менувам самиот себе. Пред дваесет години, главна слабост ми беше нестрпливоста, но сега сум толку стрплив што не можете да замислите. Пробувам сам себе да се научам некои работи колку можам, но и понатаму имам големи слабости. Сеуште се хранам со енергијата на бесот, да не ме сфатите погрешно, тоа не значи дека ударам и кршам, но постои онаа бета-енергија која не ни користи за ништо, а со неа се повремено хранам. Многу го сакам своето семејство, се останато е само приказна.

 

 

Го живеете ли животот без многу пресметки и планирања или се состои од планирања осмислени до најситни детали?

Исто како што нема смисла да се учи ноќ пред испитот на факултет, барем еднакво толку ми е бесмислено да се планира. И така, се што се случува до тој ден ви нуди некој пат….Епа, јас сакам да ги препуштам работите на тој пат, не сакам да живеам премногу стиснато.

 

 

Сите во животот имаме поголеми или помали пресвртници. Која е најголемата пресвртница во вашиот?

11 Февруари 2004, денот кога првпат ја здогледав мојата сопруга Есра.  Тој датум е изгравиран и на нашите прстени. Тој ден преминав на сосема поинаков живот.

 

 

Која е најважната работа која сте ја научиле досега во животот?

Знаењето е многу драгоцено, но ако се сретнете со добро срце….. Ако добра мисла е претставена креативно и позитивно, знаењето станува се повеќе и повеќе реалистично и нешто пореално се раѓа.

Постојат ли работи во вашиот живот за кои кажувате „Барем да….“ или сте среќни што се сте проживеале на најдобар и најубав начин?

Не кажувам често „Барем да…..“, што можело да биде, било е, а што не, не е ни можело да биде.  Можеби што сум мирен по тоа прашање ми дава шанса да подоцна добро располагам со тоа што е можело да биде, било е, не одам во крајност што се однесува на тоа.

 

 

Што е за вас пречекорување на црвено, што никако нема да толерирате?

Драмата всушност не учи на тоа, ако веќе не во животот, не смееме да имаме табуа на сцена. Не сметам дека е особено можно да се глуми додека постојат табуа, на бината морате да бидете безгрижни за улогата да биде ваша. Од таа причина помалку правам од грешките на ликот кој го глумам и со време тоа што никако не го толерирате, се јавува таму каде луѓето тоа не можат лесно да го забележат.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!