Информативните изданија повторно на фреквенцијата на Нова
Телевизија Нова веќе одреден период не емитува никаква премиерна содржина во својата програма. Телевизијата која привлече внимание со одличната визуелна реализација на програмата, се соочува со финансиски проблеми за кои веќе и пишувавме.
Сепак, денеска, вестите во 17.00 и 19.30 часот се вратија на фреквенцијата на Нова. Но, овојпат, без презентер.
Гласините велат дека телевизијата е веќе купена од нов сопственик, но дали е ова знак за нов почеток, останува да видиме.
Дани | ТВ Пакет