Почетна / Серии / Потсетете се на тимот од „Инсајдер“ во 16:40 часот на телевизија Телма

Потсетете се на тимот од „Инсајдер“ во 16:40 часот на телевизија Телма

 

Понеделник – петок, пред шоуто на Елен

 

Од понеделник, 23 април, во 16.40 часот, веднаш по “Храна и вино” на Телма телевизија ќе се емитува реприза на  македонската играна серија “Инсајдер”. 26 продолженија премиерно беа емитувани пред неколку месеци, а сега повторно потсетување за вас, гледачите. Централна тема на “Инсајдер” е секојдневната борба за опстанок на една мала новинарска редакција која ги третира сите актуелни предизвици и проблеми со кои се соочува општествотo во нашата земја.

 

 

 

Во серијата, неделникот „Инсајдер“ се занимава со сите актуелни прашања во земјата и надвор: корупцијата и криминалот на сите нивоа во општеството, уништеното јавно здравство, хаосот и незадоволството во образованието, социјалните случаи и бедата на сиромашните, злоупотреби на службената положба, нетолеранцијата и омразата, отселувањето на луѓето, особено на младите, расипништвото со јавните пари, политичките интриги и игри и ерозијата на културните вредности.

 

 

Првата сезона на „Инсајдер“ ја режираат Игор Иванов-Изи, Вардан Тозија, Дарјан Пејовски и по една епизода Дина Дума и Марија Апчевска. Сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова и Драгана Лукан. Продукцијата на серијата е на Телевизија Телма и „Слобода филм“.

 

 

Главните улоги на медиумски работници им се доделени на познатиот српски актер Светозар Цветковиќ, како и на докажаните домашни имиња како Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешковски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Во епизодни улоги ќе ги видиме и Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Славиша Кајевски и многу други.

Во продолжение уште еднаш потсетете се на ликовите на “Инсајдер” :

 

Лазар е сопственик на “Инсајдер”, со богато политичко минато исполнето со подеми и падови.

 

Наталија, главен уредник на неделникот, jа интересира само кариерата, и ретко нешто надвор од тоа.

 

Како заменик главен уредник на “Инсајдер”, Тихомир има остро перо и неверојатна преданост кон работата. Неговата долгогодишна новинарска кариера го однесе низ канцелариите на сите значајни дневни и неделни весници во Македонија, но никој тоа не го знае затоа што секогаш пишува под псевдоним.

 

Кристина е дама од високата култура. Секогаш изгледа добро и е одлично облечена. Таа е најмолчаливиот член на тимот, но со цврст и јасен став за сите важни етички прашања.

 

Најамбициозен од редакцијата на “Инсајдер” е економскиот уредник Драган. Пријател на целата бизнис заедница, често се движи во круговите на важни банкари, бизнисмени и останати личности од јавниот живот.

 

Најмладиот член на екипата на е фоторепортерот Антонија. И покрај младоста, таа е еден од водечките фоторепортери кој што секогаш е во сржта на настаните. Таа има проблем со постарите колеги кои мислат дека е преценета и прерано узреана ѕвезда.

 

Врвен новинар и истражувач, Александар е членот кој што секогаш е во потрага по најновата афера. Живее бурен живот исполнет со адреналин, младешки и безгрижно.

 

Мирела е задолжена за интервјуата во “Инсајдер”. Таа има талент да извлече се од соговорникот,па дури и тоа што тој никако не би сакал да го открие. Мирела е самохрана мајка, па фактот дека самостојно ја расне својата ќерка и го отежнува извршувањето на работните обврски.

 

 Дејан е тивок, примерен, исполнителен и физички незабележителен. Под сето тоа се крие многу прониклив и аналитичен член на тимот на “Инсајдер”, кој ќе биде со вас веќе од понеделник на Телма. 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!