23:30 часот, полноќно кино на Сител телевизија од 1 мај
Луѓе пред големи животни одлуки. Срца кои бијат само за љубовта. Истражители кои мора да ја спроведат правдата. Катастрофи кои го потресоа светот. Вистински настани кои ќе ве трогнат. Фикции за значењето на животот и иднината. Акции на големите херои.
Трилери, акции, романси, воени филмови, драми… сето ова ве очекува од денеска па секој нареден ден во полноќното кино на телевизија Сител. Додека траат тропските горештини во Македонија, “оладете” се пред спиење со филм на Сител. 23.30 часот е терминот кога ќе се емитуваат познати блокбастери и филмови кои го заслужуваат вашето внимание.
Ромел, Синиот чад, Земјотрес во Њујорк… се првите наслови кои ги следите во филмското кино веднаш по вечерните вести на Сител.
Дани | ТВ Пакет