Почетна / Сапуници / Сител телевизија стартува со новата летна романса „Сезона на црешите“

Сител телевизија стартува со новата летна романса „Сезона на црешите“

 

Од недела во 20:45 часот започнува новата играна комедија

 

По “Вљубениот ерген”, Сител телевизија ни ја носи втората најуспешна романтична комедија. Крајот на пролетта ни ја навестува највкусната и најпријатна сезона на црешите. Запознајте се со згодниот Ајаз и слатката Оику веќе од недела навечер на Сител телевизија, веднаш по “Јазол”. А кои се Ајаз и Оику, новите Омер и Дефне?

 

 

Дали и тој е богат како Омер? Дали и таа е весела како Дефне? Ќе започне ли и оваа романтична врска како онаа на Дефне и Омер? Во продолжение, ексклузивно содржината на новиот телевизиски хит :

 

 

Оику е млада девојка, која живее скромен живот со мајка ѝ и малото братче, а студира за моден дизајнер на еден универзитет. Вљубена е од мали нозе во Мете, но никогаш не ги искажала своите чувства кон него, па така тој не е ни свесен дека таа девојка воопшто е “затрескана” во него. Но, еден ден, Оику се запознава со богатиот и згоден Ајаз, во обидот и двајцата да се качат во исто такси возило. Иако нивната прва средба поминува во кавга, поради своеглавоста на двајцата, сепак Оику и Ајаз со тек на време се зближуваат еден со друг.

 

Ајаз е успешен архитект, кој работи со Мете. Тој е млад, арогантен и згоден заводник, кој ноќите никогаш не ги минува со иста жена. Син е на познат моден дизајнер, за кого Оику од секогаш сонувала да работи.
Така се запознаваме со овие млади ликови. Ајаз се вљубува во Оику, иако Оику е вљубена во Мете, а пак Мете се вљубува во Сејма, пријателка на Оику од соседството која секогаш е љубоморна на Оику. Кога Оику ќе сфати самата дека нејзината љубов кон Мете е залудна и платонска, решава да се оттргне од него и да ги заборави своите чувства кон човекот кој никогаш не ја забележувал.

 

 

Но, едно нејзино љубовно писмо наменето за Мете ќе заврши во канцеларијата на Ајаз и тој ќе помисли дека Оику е всушност заљубена во него. За да никој не ги открие нејзините скриени страсти кон Мете, таа ќе мора да излаже дека е вљубена во Ајаз и така двајцата ќе започнат една чудна љубовна романса, која со текот на времето преминува во топла и вистинска љубов.

Улоги : Özge Gürel, Serkan Çayoğlu, Dağhan Külegeç, Nilperi Şahinkaya

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!