Почетна / Филм / Три македонски филма за празничниот викенд на Наша ТВ

Три македонски филма за празничниот викенд на Наша ТВ

 

За денот на словенските просветители (24 мај) и за денот пред Духовден (25 мај), сателитската Наша ТВ ќе емитува три македонски филмови. Иако веќе многупати емитувани на оваа фреквенција, сепак во продолжение краток осврт што и кога ќе гледате :

 


 

четврток, 24 мај 2018, 23.30 часот – “Републиката во пламен”

“Републиката во пламен” e македонски игран филм по сценарио на Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски, а во режија на Љубиша Георгиевски. Монтажер бил Вангел Чемчев, а музиката ја компонирал Тома Прошев.

За да се објаснат целта и намерите на Илинденското востание, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки… Бројна турска војска го напаѓа Крушево.

 

 

Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот. „Иако краткотрајна, по своите идеи Крушевската република беше величествена. Македонија го имаше својот прв Илинден, проследен со крвави години на тешки страдања. Македонија ќе го има и својот втор Илинден, при идната епоха на блиски победи и ослободувања. Овој втор Илинден е близок, тој доаѓа…“ – во „Илинденец“, Димо Хаџи Димов.

 

петок, 25 мај 2018, 22.15 часот – “Одмазда”

Рик Ван Уфелен, Ан Еш, Кристоф Виен, Мемет Улусy во македонско белгиската продукција од 2001 година. Филмот зборува за младиот Турчин Орхан Карахасан, чие доаѓање во Белгија не е мотивирано од економска присила, туку зад тоа стои примитивно кодираниот запис за крвната одмазда.

 

 

Тој во градот го бара Павел Најдовски, чиј татко на почетокот на векот го убил неговиот дедо Осман Карахасан. Но, Павел Најдовски, кој нема никаква вина во овој синџир на убиства, освен што е единствениот машки потомок на семејството. Примитивниот обичај – крвната освета – го наоѓа во туѓа земја каде што живее под туѓо име, а неговите две ќерки за Македонија знаат едвај нешто од премолченото потекло на нивниот татко. Но дури и таму, потомокот на фамилијата Карахасан го пронаоѓа, и сè се комплицира уште повеќе, кога Орхан Карахасан (не знаејќи) се зближува со една од ќерките на Павел…

 

 

сабота, 26 мај 2018, 20.30 часот – “Големата вода”

“Големата вода” е македонски филм од 2004 година, во режија на Иво Трајков. Главните улоги во филмот ги играат Сашо Кекеновски, Маја Станковска, Митко Апостоловски, Мето Јовановски и Верица Недеска. Музиката е создадена од Кирил Џајковски. Филмот е работен според мотиви од истоимениот роман на Живко Чинго, чија тема го следи животот на Лем Никодиноски, кој ја доживеал трагичната судбина на многуте деца без родители од повоениот период, кога тие биле оставени на грижата на строгите и сурови воспитувачи од сиропиталиштата.

 

 

Филмот ја освоил Големата награда во Валенсија на филмскиот фестивал. Бил македонски кандидат за „Оскар“, во категоријата „Најдобар странски филм“ за 2004 година, но не успеал да добие номинација.

Филмската критика позитивно го оценила целокупниот проект и замисла, добивајќи рејтинг 71% од можни 100% од страна на рецензентите Rotten Tomatoes. Metacritic дала оценка 62 по 15 прегледувања.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!